Home Maqedoni Заврши караванот за вакцинација, се очекува одлука за препораките на Комисијата за...

Заврши караванот за вакцинација, се очекува одлука за препораките на Комисијата за заразни болести

Заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19 што се реализираше во изминатите две недели. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека речиси 41,2 проценти од вкупното население е вакцинирано со две дози, а само седум проценти со трета (бустер) доза, но со караванот се очекува тој број да се зголеми.

Караванот почна на 21 март од Шуто Оризари, а заврши во Струга. Беа посетени 14-тина градски и рурални подрачја низ целата држава. Граѓаните имаа можност да се вакцинираат против Ковид-19, но и да се информираат за вакцинацијата и за придобивките од неа.

Според здравствените власти, невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смртен исход од КОВИД-19 во споредба со оние кои биле вакцинирани и затоа апелираат граѓаните да не ја одложуваат одлуката за вакцинирање.

Exit mobile version