12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Еурофарм Пелистер победник на 50-то јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“

Заврши 50-то јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, по една година пауза Еурофарм Пелистер повторно е победник на турнирот во Струга, откако по изведување на седмерци (7-6) го победи Целје.

Натпреварот беше решен преку седмерци бидејќи поради големата кондензација на теренот имаше лизгање, па организаторот и двата тима решија по неколку минути играње истиот да биде прекинат и пеналите да го решат победникот.

Во натпреварот за третото место на јубилејното 50. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга меѓу екипите на Вардар и Татран Прешов, подобар тим беше составот на Татран Прешов, кој триумфираше со резултат 26:24

Екипата на АЕК преку победа над Алкалоид го освои 5.то место на јубилејното 50. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга 2022 година.

Екипата на РК Струга во натпреварот за 7-мо место го совлада РК Бутел со резултат од 26:24 и донесе радост на трибините во “Нико Нестор”.

Пивотменот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски е избран за МВП играч на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга, голманот Урбан Лесјак кој беше еден од позаслужните за триумфот на пенали на Еурофарм Пелистер против Целје прогласен за најдобар голман, а Филип Талески од Вардар прогласен за најдобар стрелец со постигнати 24 гола.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles