21 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Европратениците со високи признанија за усогласеноста на Македонија со политиките на ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски за време на работната посета на Брисел оствари средба со пратеници во Европскиот Парламент, членови на парламентарната група на социјал-демократите, соопшти Владата.

На средбата, на која присуствуваше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во фокусот на разговорот беше ситуацијата во Украина и целосната усогласеност на Македонија со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, во осудата на воената агресија во оваа земја, како и во однос на санкциите кон Руската Федерација.

Европратениците покажаа интерес и за предизвиците со кои се соочува Македонија во справувањето со последиците од војната кои предизвикаа економска и енергетска криза.

Антикризните мерки и политиките на Владата во однос на овие прашања беа препознаени како прогресивни и развојни, и како мерки кои го штитат стандардот на граѓаните.

Премиерот Ковачевски оствари средба и со претседателката на групата на социјалдемократските партии во Европскиот Парламент Ираче Гарсиа Перез, на која беше изразена и силната поддршка за нашите заложби за креирање суштински дијалог со Бугарија.

Таа заложба, беше оценето, е сведоштво за посветеноста на Македонија кон европските вредности и европската визија на земјата како единствен начин кој ќе донесе достоинствено решение во интерес на граѓаните на двете држави.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles