12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Европа се соочува со голем топлотен бран, пристигнува и во Македонија

Македонија пред голем топлотен бран со температури и до 40 степени. Екстремно топлото време од западна и централна Европа се спуштаат кон Балканот. 

Европа се крчка, топлотниот бран, кој научниците го припишуваат на глобалното затоплување, урива рекорди за овој период од годината и нема да поштеди речиси никого на стариот контитент. Најстрашно е во Шпанија, каде подрани битката на пожарникарите со огнот, кои се обидуваат да го спречат да стигне до домовите.Лондончани не бираат средства да се разладат, а Парижани поради топлината се обидуваат да го фатат сонот до раните утрински часови.

„Јас сум од Кипар и во моментов таму врне, а сега се наоѓам во Лондон и зовирам, нешто мора да се промени, мора да преземеме мерки против климатските промени. /Станувам одам до таму, повторно станувам одам во тоалетот, се враќам, па ќе се напијам вода, па ќе седнам и гледам телевизија, тоа е се до два часот наутро./ Пробуваме да се носиме со топлината но навистина е тешко, а живеењето во вакви услови лично ме револтира

Кон средината на неделата „зовриеното лонче“ ќе се прелие и во Македонија.

Во вака попријатно време со доза на ветер граѓаните ќе можат да уживаат уште денеска и евентуално утре. Топлотниот бран кој ја зафати Европа веќе е тргнат наваму и набргу ќе пристигне во Македонија.

Веќе од утре според прогнозата на синоптичарите температурата ќе изнесува 34 степени и постепено ќе расте, а по ден-два пеколниот бран може да достигне и до 40 степени. УВ индексот ќе биде највисокиот кој што се мери во земјава.

„ Температурите ќе бидат во покачување, ќе бидат, засега, во средината на седмицата највисоки, очекуваме да дојдат и до 40 степени. И УВ индексот ќе има многу висока вредност – 9 во следните денови, така да во оние пладневни часови не е препорачливо без особена потреба да се излегува.

Лекарите со едноставна препорака – Обврските да си ги завршиме уште рано наутро, а од 10 до 18 часот препорачливо е да сте засолнети под ладовина, посебно оние граѓани кои иматаат хронични болести.

„Не само што имаме топлотен бран кој што се најавува, можам да кажам дека и големата влажност која што е во воздухот исто така ќе има големо влијание на здравствената состојба на луѓето, па оние пациенти кои што имаат хронични заболувања од типот на хронични срцеви и хронични респираторни заболувања може да имаат поголеми последици.

Пијте многу течности, со тоа што ќе ги избегнувате газираните и алкохолните пијалаци. Јадете полесна храна, најмногу овојше и зеленчук и избегнувајте ја мрсната храна која може да доведе и до труење. Клима уредите нека ве разладавуаат, но температурната разлика внатре-надвор да не е повеќе од 10 степени, а доколку почувствувате потешкотии од изложеност на сонце преземете ги следниве чекори, апелираат лекарите.

Потребно е да биде внесено лицето во поладна просторија, да не е изложено на сонце, да се пијат напитоци кои што не се премногу ладни, меѓутоа не топли, да се соблече облеката ако е подебела, да се разладува телото и на тој начин, се прави туширање, да се ставаат ладни пешкири или облоги од чешмова вода да речеме околу вратот и да се наквасат оние делови кои имаат поголема изложеност.

За поизрасени симптоми од Брза Помош апелираат веднаш да им се обратите до нив и да побарате интервензија или стручен совет.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles