15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

До крајот на неделата ќе се одлучи дали ќе се скрати периодот на изолација

Намалување на периодот на изолација од 10 на 7 дена за лицата позитивни на коронавирус денеска не се разгледуваше од Кризниот штаб. Од Владата велат дека оваа мерка ќе биде усвоена до крајот на неделата. Ваква препорака на Комисијата за заразни болести се даде во петокот додека членовите ја оправдаа со препораките на СЗО.

Извршниот директор на СЗО, рече дека акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година доколку државите ги искористат сите средства што им се на располагање. Според него, тоа може да се случи доколку се зголеми стапката на вакцинација во сиромашните земји и ако се направат повеќе тестови.

„Ако државите ги користат сите стратегии и алатки сеопфатно, можат да ја завршат акутната фаза на пандемијата оваа година. Можеме да ставиме крај на КОВИД-19 како глобален здравствен итен случај и можеме да го сториме тоа подоцна оваа година. Недостигот од вакцини е веќе надминат, додека логистички предизвик е нивната дистрибуција низ светот“, изјави Тедрос Адамос Гебрејесус, директор на СЗО.

Директорот на компанијата за производство на вакцини Фајзер не ја исклучи можноста вакцината да стане сезонска.

„Она што се надевам е дека имаме вакцина што може да се зема еднаш годишно како што се прави со многу други вакцини. Еднаш годишно на луѓето им е полесно да одлучат и да го заштитат јавното здравје, тоа е идеална ситуација. Се обидуваме да создадеме вакцина што ја покрива варијантата Омикрон, но без да ги оставиме настрана претходните варијанти, ова би можело да биде решение за оваа ситуација, доколку евентуално излезе нешто ново од вирусот“, рече Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер.

Многу држави ги укинаа рестрикциите за коронавирусот и ги олеснија мерките. Експертите веруваат дека Омикрон го означува крајот на пандемијата и дека во блиска иднина, големиот број на заразени луѓе кои развиваат природен имунитет, заедно со бројот на вакцинирани, ќе ја одведат пандемијата во нова фаза или ќе ја претворат во ендемија. Просечната стапка на вакцинација во регионот на ЕУ моментално е околу 70%.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles