18 C
Struga
Wednesday, September 27, 2023
spot_img

Десет бродови со жито наскоро ќе ги напуштат пристаништата во Украина

Дополнителни десет товарни бродови се товарат со жито во украинските пристаништа на Црното Море и нивното заминување се подготвува во согласност со договорот за извоз на храна склучен минатиот месец.

Ова го изјави денеска украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков.

Украинскиот извоз на жито значително се намали од почетокот на војната, бидејќи руските сили ги блокираа пристаништата на Црното Море, витални за пратките. Поради ова, глобалните цени на храната пораснаа, а во Африка и на Блискиот Исток се стравува од можен недостиг.

На крајот на јули беа деблокирани три црноморски пристаништа според договорот меѓу Москва и Киев, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција.

„Во моментов се натоваруваат десет бродови и се подготвуваат за поаѓање од пристаништата Одеса, Чорноморск и Пивдени. Исто така, имаме повеќе од 40 барања за испораки до украинските пристаништа“, напиша Кубраков на Фејсбук.

Тој рече и дека од три украински пристаништа веќе се испорачани 25 бродови со 630.000 тони земјоделски производи.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој денеска ја посети Одеса, рече дека треба многу да се направи за да се обезбеди целосен глобален пристап до украинските прехранбени производи и руската храна и ѓубрива по договорот за извоз на храна со посредство на ОН. Украинското Министерство за земјоделство објави дека извозот на жито паднал за 51,6 отсто на 2,99 милиони тони досега во сезоната 2022/2023.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles