15.9 C
Struga
Saturday, October 1, 2022
spot_img

Денеска во периодот од 8 до 14 часот казнети 202 пешаци кои не преминале улица на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи информира дека во денешната засилена акциска контрола на територија на државата, во периодот од 8 до 14 часот, биле санкционирани 232 пешаци од кои 202 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.


-На 73 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 105 останати прекршоци, соопштуваат од МВР.



Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles