26.1 C
Struga
Sunday, July 14, 2024
spot_img

 Г-7 свикуваат вонреден самит по руските ракетни напади во Украина

Лидерите на групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) денеска ќе одржи виртуелен самит, на кој ќе се дискутира за најновите случувања во Украина, јави Њујорк тајмс.

Вашингтон пост јави дека на состанокот треба да се обрати украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Во Г-7 членуваат САД, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Јапонија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин нареди ракетни удари на најмалку 10 украински градови, вклучително и Киев, во обемен напад врз граѓански објекти и енергетска инфреструктура. Нападите се случуваат два дена по експлозијата и делумното уривање на мостот што го поврзува полуостровот Крим, анектиран од Москва во 2014 година, и копнениот дел на земјата.

Нападите убија најмалку 11 лица, јави официјален Киев. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles