23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Грција го укинува европскиот сертификат за влез во државата

Грција привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози на денешниот состанок препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатот од EUDCC на влезните точки во земјата”, а останатите одлуки се однесуваат на тестовите за невакцинираните вработени.

Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а од Министерството за здравство на Грција додаваат дека деталите ќе бидат објаснети во новата министерска одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Последната вакава одлука е во сила до 1 мај во шест часот наутро.

Пред две седмици, министерот за здравство соопшти дека од 1 мај до 31 август привремено се укинува и задолжителниот сертификат за влез во речиси сите затворени објекти во земјата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles