14 C
Struga
Saturday, September 23, 2023
spot_img

Гир: Имаме заедничка корист од членството на Македонија во ЕУ

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5 вели дека ги разбира фрустрациите поради предолгото чекање, но во исто време порачува дека Европската унија и Македонија имаат заедничка корист од членството на земјава во Унијата.

Со евроамбасадорот Гир разговараше Јован Ѓорговски.

-Во смисла на гаранции како што знаете во овој процес, во овој пристапен процес има многу делови, многу моменти во пристапниот процес кога има потреба одлуките да бидат носени едногласно. Важно е дека има одговорност од наша страна да се осигураме дека кога тие одлуки ќе дојдат, тие ќе бидат носени врз основа на реформите кои државата ги има за ЕУ, а не за други прашања. Тоа беше во смисла на тоа што Претседателката Фон дер Лајен и Претседателот Мишел го пренесоа кога го посетија Скопје, минатиот јули. Секако, тоа е многу важен елемент. Најдобра гаранција да се оди напред е да се спроведат тие реформи бидејќи тоа е најбрз начин за влез во ЕУ, истакна Гир во интервјуто за Канал 5.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles