12.7 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Гир: „ЕУ ќе стори сè при преговорите да нема нелегитимни барања“

Во посилна позиција сте ако сте внатре во процесот, порача евроамбасадорот Дејвид Гир, додавајќи дека Македонија може да се повлече од преговорите за членство во кој било момент доколку во земјата има таква волја. Според Гир, Европската унија ќе се стори с што е во нејзините можности за време на преговарачкиот процес, да нема барања кои не се легитимни.

„Дали процесот ќе може да се стопира и да се каже дека не сакаме за ова да преговараме? Тоа е потполно правично, да се каже „не“. Дали ќе може нешто подобро да се испреговара? Тоа треба да се расудува, но според мене, доказите не одат во таа насока“, рече Дејвид Гир – евроамбасадор.

Гир нагласи дека не врши притисок, особено во овие моменти кога, како што вели, во земјава се води тешка и поларизирана дебата. Тој сепак застана во одбрана на францускиот предлог. Тврди дека со првата Меѓувладина конференција започнува преговарачкиот процес, со скрининг фазата, а втората Меѓувладина конференција ќе започне откако во Скопје ќе се смени уставот и во него ќе бидат впишани Бугарите. Евроамбасадорот уверува дека во рамката македонскиот јазик е со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, а мислењето го дели и австрискиот амбасадор.

„Европската унија, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе одлучат дека законодавството ќе биде преведено на македонски јазик. Точка“, изјави Георг Вуцас – амбасадор на Австрија.

Неодамна и специјалниот германски претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин во Скопје истакна дека компромисот не е перфектен, но не може да се знае дали во иднина ќе има подобар.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles