26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Вo понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1.000 денари

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека од понеделник, 30 мај, почнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Од Министерството информираат дека пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мајската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

Како што се наведува во соопштението, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата – за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30 мај во понеделник, за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31 мај во вторник, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 1 јуни во среда и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2 јуни во четврток.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

– Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје, се наведува во соопштението на МТСП.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles