4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Во четврток 12-то издание на Мултиетничкиот фестивал за деца во Струга

На 24-ти ноември 2022г. (четврток), во големата сала на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга, со почеток во 12:30 часот, традиционално по дванаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот фестивал за деца Струга 2022.

Оваа година публиката ќе ја забавуваат :
Студиото за танц БАХ, КУД Илинден Струга, Кристијан Танески – Kikster, Era & Elsa Sadiku, Andra Alushi, Фолклорна група од ПСУ „Јахја Кемал“, Енес Аго со турска песна, Ивона Тасеска, Art Centar, ќе има и неколку забавни точки во изведба на учениците од средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ – Струга, а настанот ќе го затвори драмската група Doktor Skec (ПСУ „Јахја Кемал“) со хумористична изведба.
Настанот е во организација на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, а влезот е по симболична цена од 50 ден. Средствата од влезниците ќе бидат наменети за реновирање на главната сцена во Центарот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles