12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Во САД почна вакцинацијата против Ковид-19 на деца постари од шест месеци

САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за Ковид-19, доктор Ашиш Јха.

Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината на Модерна во две дози за младите на возраст од шест месеци до пет години, како и на Фајзер-БиоНТех во три дози за шестмесечни бебиња до четиригодишни деца.

Еден од пет родители на деца помали од пет години потврди дека ќе го вакцинира своето дете, штом тоа биде овозоможено, покажа анкетата објавена во мај од фондацијата Кејсер фемили.

Според официјални податоци, 29 отсто од децата на возраст од пет до 11 години целосно се вакцинирани со Фајзер-БиоНТех, откако вакцината е одобрена во октомври.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles