Продолжуваат жестоките борби за Бахмут. Украинската војска тврди дека го одбиле и последниот бран руски напади, а во текот на 24 часа руските сили извршиле 102 ракетни напади во обид да го заземат градот.
Нема мир ниту на југот на земјата. И градот Запорожје бeше цел на руските ракети, по што е прекинато напојувањето со струја. Армијата соопшти дека борби се водат и во неколку града во Доњецк, додека во градот Рубижни во соседен Луганск, според информации на украинскиот Генералштаб, руската војска користела цивили како жив штит. Луѓето биле засолнети во станбени квартови, додека пак руски војници се криеле зад цивилното население. Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за тероризирање цивили.
„Веќе покажавме за што е способна Украина. И колку и да се предавнички постапките на Русија, нашата држава и народ нема да бидат во синџири. Нема да им помогнат ниту ракетите ниту руските ѕверства.“- Володимир Зеленски, Претседател на Украина
Меѓу време унгарскиот премиер Виктор Орбан, руската инвазија врз Украина ја оцени како можност за преминување во глобален конфликт. Тој упати и остра критика до западните сојузници дека го користат конфликтот заради економски интереси.
„Светот никогаш не бил толку блиску до претворање на локална војна во светска војна, а веројатноста за тоа се зголемува од ден на ден.“- Виктор Орбан, Премиер на Унгарија
Украинскиот град Бахмут беше е во фокусот на седуммесечните интензивни борби во кои двете страни претрпеа големи загуби. За Москва освојувањето на Бахмут е важна цел за обезбезбедување на околниот регион Донбас. Првиот човек на НАТО, Столтенберг, пред неколку дена рече дека не ја исклучува можноста наредните денови Бахмут да падне под руска контрола, но и оти тоа не би значело и пресврт во војната.