Home Strugë Во петок бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања во струшка...

Во петок бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања во струшка Нефрологија

Одбележувајќи го месец март како месец на бубрегот, Специјализираната болница за нефрологија -Струга,  за 17-ти  март најавува бесплатен скрининг за рано откиравње на бубрежни заболувања.

Скринингот ќе се одвива во холот на Амбулантно-поликлиничкиот оддел во период од 9:00 до 11:00 часот.

Истиот ќе содржи мерење на крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина.

На 9-ти март беше одбележан Светскиот ден на бубрегот под мотото ,,Здравје на бубрезите за сите- да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите.“

Најчести причини за хронична бубрежна болест се дијабетот и хипертензијата.

Осумстотини и педесет милиони луѓе ширум светот имаат некоја форма на бубрежна болест.

Exit mobile version