4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Во Кина се откажуваат летови поради зголемениот број на заразени луѓе со Ковид-19

Голем број аеродроми во Кина ги откажуваат летовите поради зголемениот број на заразени лица со Ковид-19, објави денеска кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Во јужната кинеска метропола Гуангжу, во која има најголем број на заразени лица откажани се над 1.000 летови, а од двата аеродрома во Пекинг откажани се повеќе од 700 летови.

И покрај кинеската политиката нулта толеранција на коронавирусот, што негативно влијаеше врз нејзината економија, бројот на инфекции низ Кина повторно се зголемува со недели.

Кинеските здравствени власти денеска соопштија дека за еден ден се регистрирани околу 8.800 заразени луѓе на национално ниво. Изминатите денови се зголемува бројот на инфицирани со Ковид-19 во поголемите градови Гуангжу, Пекинг, Шангај и Чонгкинг

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles