16.1 C
Struga
Thursday, September 28, 2023
spot_img

Во голема полициска акција во Тирана уапсени 20 дилери на дрога

Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај.

-По спроведена тримесечна истрага, со посебни истражни методи од страна на полицијата во Тирана под раководство на Обвинителството, обезбедени се правни докази за криминалната активност на две групи составени од 24 лица. Акцијата беше спроведена во Тирана и Камез, а запленети се два килограми и 121 грам кокаин, 300 дози канабис, 130 дози хероин, 1.700 евра, пет милиони лека, како и 11
возила и 29 мобилни уреди, рече Вочај.

Според извештаите, уапсените дистрибуирале дрога во училишта, барови, ноќни клубови и различни населби на Тирана.

Уапсените на возраст меѓу 25 и 60 години комуницирале со различни шифри.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles