23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Владата уверува дека Македонија нема да има проблем со снабдување со гас, по прекинот на едниот крак

Нема опасност дека Македонија ќе се соочи со недостиг од гас поради тоа што Русија ја намали испораката на природен гас кон Европа преку Украина, тврдат од Владата. Замјава воопшто не се снабдува со природен гас преку гасоводот од Украина и затоа нема простор за загриженост.

Од Владата тврдат и дека е надмината кризата со масло за јадење, па затоа е донесена одлука со која од утре Македонија повторно ќе извезува сончогледово масло. Ќе им помага на соседните држави кои имаат недостиг, иако до пред неколку дена рафтовите во маркетите беа празни, а маслото и натаму се продава по рекордно високи цени.

Од Министерството за земјоделие велат дека во последната недела се увезени околу 2.000 тони нерафинирано сончогледово масло.

Инаку, Државниот завод за статистика пресмета дека само за еден месец маслото поскапело за 20%, а на годишно ниво цената се зголемила за 32%.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles