15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Владата најавува нови антикризни мерки

Итна седница за нови анти кризни мерки бараат дел од опозициските партии во Собранието… Со законите кои ги предлагаат уверуваат дека ќе се ублажат ценовните шокови и на храната и на горивата… 

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница во Собрание за гласање на нивните предлог-закони за ублажување на ценовните шокови, откако истече рокот за пониско оданочување на храната и горивата. Предлагаат акцизата да се намали за 50 отсто, а ДДВ-то на горивата од актуелните 18 да се спушти на пет проценти, дополнително да се укине и данокот на прехрамбените производи до крајот на годината. Велат дека со досегашните антикризни мерки инфлацијата беше 10,5 проценти, што значи дека без нив ќе биде многу поголема. Бараат и поддршка од владејачките партии.

„Цената за литар Еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар. Цената за литар Еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари. Цената за литар Еуродизел е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари. “

Сличен предлог има и Алијанса за Албанците – акцизата на бензинот да се спушти за седум денари, а на дизел горивата за девет денари. Потенцираат дека споредбено со европските земји, граѓаните во Македонија плаќаат повисоки цени за горивата, иако земаат многу пониски просечни плати од нив.

Од Владата пак најавуваат дека во најкраток рок ќе излезат со нов пакет мерки за финансиска поддршка, без да прецизираат кога.

„Владата со новиот ребаланс на буџет, продолжува со силната грижа за граѓаните и во најкраток рок ќе излезе со антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност. Ова значи дека истите ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни.

Покрај Владата, и од пратеничката група на СДСМ велат дека мерките кои важеа досега како и најавените, ќе вродат со плод.

ВМРО-ДПМНЕ е без компас, еднаш вели мерките не се добри, потоа бара нивно продолжување, а со месеци ги критикуваше. Први во регионот изгласавме и воведовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните кои ги амортизираа првите силни удари од кризата – велат од СДСМ.

Инаку, со ребалансот на буџетот се обезбедени 76 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството. За неколку дена тој влегува во собраниска процедура.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles