12.7 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Владата донесе одлука за учество во борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија

На денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, по презентирање информации за потребата од испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, Владата донесе одделни одлуки за испраќање на армиски единици во двете земји.

– Задача на борбената група на НАТО е, како дел од зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities – NATO eVA), да ја засили одбраната за источните граници на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, информираат од Владата.

Оттаму велат дека реализацијата на активностите го зајакнува партнерството и соработката помеѓу Северна Македонија и останатите сојузници во рамките на НАТО и истовремено влијае и на проширувањето на билатералната соработка на Северна Македонија со Бугарија, со Романија, со САД, како и останатите сојузници и останатите нации, што ќе придонесуваат во борбената група со персонал и опрема.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles