13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Владата донесе одлука за забрана за извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно

Владата донесе одлука за забрана за извоз на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, а дополнително се укинува  царината за масло за јадење до крајот на годинава. 

Владата со нови анти-кризни мерки, попладнево на седница забрани извоз на пченица, брашно, дрва и пелети, а се укинува и царината за увоз на масло за јадење, до крајот на годинава. Сепак, план за задолжување нема, ниту конкретни мерки за енергетската криза. Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека Владата добро се справува со светската криза, домаќинствата се заштитени и наскоро ќе излезат со енергетски план. 

„Наскоро ќе излеземе со тоа што е возможно, пред два месеци повикав на мерки за штедење, за жал може да констатираме дека сите западни земји го прават, кај нас повикот изгледа не е соодветно…ќе ги преземеме сите мерки и ќе повикаме, во криза секое е важно за да пребродиме…“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Конкретни одговори немаше ниту првиот финансиер Фатмир Бесими, за тоа кога и од каде ќе се задолжи државата. Со ребалансот на буџетот најавено беше дека задолжувањето ќе биде близу една милијарда евра. Парите на меѓународните пазари стануваат поскапи, сепак министерот уверува дека задолжувањето ќе биде со пониски камати.

„И ние во дел правиме комбинации со експерти наоѓаме начин товар да е помал а да финансираме се за оваа и наредна година…“ истакна Фатмир Бесими, министер за финансии

Се уште не се знае ниту кој ќе ги грее скопјани зимово, откако БЕГ остана без сите лиценци. Од Влада велат дека се прават напори ЕСМ да го преземе работењето.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles