12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Вечерва започнува 61. издание на Струшките вечери на поезијата

Со читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган, вечер во Струга ќе почне 61. издание на Струшките вечери на поезијата. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот на културата Браќа Миладиновци, свеченоста ќе се одржи на терасата во Хотел Дрим.

На Струшките вечери на поезијата најавено е присуство на 24 поети од странство и 30-тина од државата меѓу кои Шаип Емерлаху, Иван Џепароски, Никола Маџиров, Рамша Ашраф, Ефе Дујан, Кедиџа Гадум, Бране Мозетич, Андријана Кос Лајтман, Сет Мајклсон, Јуриј Серебријански, Зоран Анчевски, Лидија Димковска….
Манифестацијата ќе се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животоУ’, со кое се потенцира исконската врска ме’ry ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската ме’ry поезијата и музиката.

  • Во рамките на програмата предвидено е меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие”, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга” и„Браќа Миладиновци” за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети, соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата”.
    Во рамки на програмата предвидена е промоција на Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети, чија тема е музиката.
    Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 авryст на Мостот на поезијата со традиционалното поетско читање „Мостови” и врачување на наградите „Златен венец”, „Мостови на Струга” што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра qебитантска книга и „Браќа Миладиновци”.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles