20 C
Struga
Sunday, August 14, 2022
spot_img

Брзата помош преплавена од повици: Над 100 интервенции дневно, зачестени и колапсите

Најмалку по осум колпаси дневно, срцеви и мозочни удари се најголем дел од јавувањата од страна на граѓаните во брзата помош поради високите температури и променливото време.

Доктор Ирина Манчевска Настовска вели дека дневно имаат и по 400тини јавувања, а над 100 интервенции на терен. Денеска поради колапс брзата помош интервенирала кај паднат велосипедист поради колапс. Зголемени се и сообраќајните незгоди поради пад на концентрација доколку граѓаните не земале доволно течност и имале долг престој на сонце. Колапси има и кај младите и кај возрасните граѓани.

За викендов во брзата помош се јавиле и граѓани со хипогликемија или брз пад на шеќерот во крвта. Како најбрзо средство за помош е лажица мед или газиран пијалок со кофеин велат од брзата помош. Но, најдобро е да се почитуваат препораките да се нема физичка активност на отворено во топлите часови и внимавање од топло во влегување во ладна просторија.

Од УХМР најавуваат топло време и во наредните денови со температури и до 38 степени и висок индекс на зрачење. Во попладневните часови ќе има и локална нестабилност на грмежи и поројни дождови.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles