4 C
Struga
Saturday, February 4, 2023
spot_img

Ја зголемивме минималната плата, ги зголемивме пензиите, околу 200.000 граѓани добиваат финансиска помош само со вториот пакет мерки, ги помагаме ранливите граѓани, компаниите и работниците, подеднакво.

Тоа се социјалдемократските политики кои водат грижа за сите, порача вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Арачиново, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

– Оваа помош и поддршка за нашите граѓани ќе продолжи и во следната година. Со буџетот за 2023 година обезбедивме 100 милиони евра за ново зголемување на пензиите, кои во март ќе пораснат за нови шест отсто. Ќе има и зголемување и на минималната плата за вработените во сите сектори. Предвидени се и 800 милиони евра за капитални проекти, за нови водоводи, канализации улици и патишта низ сите општини во државата, вклучувајќки го и Арачиново. СДСМ покажа дека ги обединува и ги помага граѓаните, порача Битќи.

Потпретседателот Битиќи додаде дека носители на економскиот раст наредната година ќе бидат капиталните инвестиции, имаме проектирано 52,3% повеќе капитални расходи. На среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии, рече Битиќи.

Потпретседателот Битиќи истакна дека СДСМ го реализира концептот Едно општество за сите, кој се темели на толеранција, социјална правда, еднакви можности и одговорности за сите граѓани. Заклучок на сите е дека тоа е иднината на државата, додаде тој.

По 17 години, државата конечно ги започна преговорите за членство во ЕУ, дека тоа значи забрзан развој на земјата, пристап до повеќе фондови, но и нови странски инвестиции, односно отворање на нови и добро платени работни места за младите, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Арачаиново, се наведува во партиското соопштение.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles