8 C
Struga
Monday, December 5, 2022
spot_img

Бесими: Таргетирани мерки за најранливите категории препорачуваат и меѓународните институции

Мерки треба да има – таргетирани и наменски, за најранливите категории да можат да ја пребродат кризата. Мерките треба да бидат времени за да не се нарушат трајно пазарните принципи. Се друго е долевање на масло на огинот, бидејќи со вбризгување на дополнителна ликвидност при недоволна понуда, која меѓудругото е условена од увозните инпути, само ќе направи дополнителни притисоци за раст на цените. Моделот на таргетирани мерки, кој ќе го примениме понатаму, е препорачан од Европската Комисија и меѓународните финансиски институции, како Светска Банка и ММФ, пишува во новата колумна посветена на СЕФФ 2022 и одржување на растот во време на криза, министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Професорот Кругман во своето излагање многу убаво го образложи ова. Ситуацијата сега не е иста со 1979 година (за информација – почетокот на 80-тите години очекувањата за висока инфлација беа многу подолгорочни, работниците како резултат на тоа бараа поголеми плати, додека работодавачите поради очекуваната инфлација беа подготвени да им ги исплатат, што резултираше со инфлаторна спирала, која се смири после повеќе години со силната контракција на економијата). Сега инфлаторните очекувања се пократкорочни – веќе следната година се очекува стабилизација. Професорот Кругман дури посочи дека во 2024 година ќе ја имаме 2019 година повторно, и дека повторно дефлаторните тенденции ќе станат актуелни тогаш. Прашањето е само како ќе стигнеме дотаму. Едната опција е благо успорување на економијата, другата е остар пад. И сето тоа зависи од тоа како понатаму ќе се справуваме со инфлацијата. Дали ќе влеземе во инфлаторниот вртлог или интелегентно ќе го избегнеме. Наш предизвик е во оваа време на неизвесност е да го одржуваме растот – пишува министерот Бесими.

Министерот Бесими понатаму објаснува дека првиот пакет на мерки беа насочени кон амортизирање на првите силни удари на кризата, како спречување на ценовниот шок и шпекулативниот раст на цените, со што беа запрени инфлаторните притисоци за да се спречат повисоки стапки на инфлација.

-Даночните ослободувања беа направени во комбинација со мерките за замрзнување на цените и на маржите на производите. Вредноста на досега спроведените мерки за сузбивање на ценовната и енергетската криза е околу 615 милиони евра, што претставува еден од највисоките фискални стимули издвоени во регионот. За едновремено насочување на мерките кон ранливите категории граѓани, но и постепена фискална консолидација, новите антикризни мерки ќе бидат таргетирани. Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, а исто така ќе продолжи и определбата за водење прудентна фискална политика, којашто е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок. Во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, но и субвенции за покачување на минималната плата, значителни дополнителни средства за субвенции за земјоделците – во насока на зголемување на приносите, како и средства за покачување на пензиите и за зголемување на трансферите за гарантиран минимален приход, покачување на плати во значителен дел од јавниот сектор, образование, здравство, судство, обвинителство, полиција и армија, посочува Бесими.

Министерот за финансии понатаму пишува дека ни претстои еден значаен период, во кој креирањето на јавното мислење ќе биде еднакво важно, ако не и поважно од конкретните економски мерки кои ќе се преземат. Ова е бидејќи инфлацијата зависи од три фактори – понуда, побарувачка и инфлаторни очекувања, со тоа што третиот елемент има силен импакт врз првите два.

Бесими посочува дека фискалната политика треба и ќе се насочи кон одржување на растот и фискална консолидација, како и спроведување на структурните реформи, бидејќи само стабилна економија може да продуцира одржлив раст и бидејќи структурните промени се неопходни за да се постигнат повисоки стапки на раст.

На крајот на колумната министерот за финансии истакнува дека СЕФФ платформата продолжува со додавање на нови содржини, дискусии и одговори на нови прашања, како и дека фокусот ќе се насочи кон младите, младинските иницијативи, вмрежувањата, градењето на партнерства, бидејќи во младите е иднината.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles