6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

Бесими: Предизвиците се пред нас, ги следиме на седмично ниво

Во однос на краткорочните и долгорочните приоритети на Владата, Бесими објасни дека краткорочно треба да се решат проблемите од кризата и дека мерките воведени за справување со ковид кризата продолжуваат да се спроведуваат.

Предизвиците се пред нас, ги следиме на седмично ниво и работиме за решавање на прашањата колку е можно побргу за да може да имаме мало влијание, рече министерот за финансии Фатмир Бесими за време на неговото учество на Делфи економскиот форум, јави дописничката на МИА од Атина.

Оцени дека се уште не се завршени последиците од пандемијата, а дека руската инвазија во Украина, ја направи ситуацијата уште потешка, но посочи дека не сме исклучок, ниту поразлични, од она што се случува во другите економии, објаснувајќи дека Владата со пакет 26 антикризни мерки во висина од 615 милиони евра го амортизира порастот на цените.

Сепак, посочи дека поради малата трговска размена со Русија и Украина, директо не се почувствуваа последиците, меѓутоа се рефлектираат индиректно преку другите земји и врз глобалниот пораст на цените на енергенсите и основните прехранбени производи.

Во однос на краткорочните и долгорочните приоритети на Владата, Бесими објасни дека краткорочно треба да се решат проблемите од кризата и дека мерките воведени за справување со ковид кризата продолжуваат да се спроведуваат.

-Долгорочни приоритети се да бидеме сигурни дека имаме одржливо снабдување со енергија, зелената транзиција, дигиталната транзиција, поттик на инвестициите, заедно со реформите за земјата да оди напред кон ЕУ, борба со корупција, како и институционален капацитет за подобрување на климата за инвестиции, истакна министерот Бесими.

Напомена, дека на ниво на држави треба да дизајнираме планови за вонредни ситуации во случај на дополнително намалување или во најлошо сценарио целосно запирање на испораките на руски гас во ЕУ.

-Доколку постои иницијатива, подготвени сме да учествуваме во потенцијална заедничка акција на ниво на ЕУ за заедничка набавка на природен гас. Властите дополнително треба да изградат фискални бафери и да создадат фискален простор за справување со потенцијални идни интервенции, рече Бесими.

Додаде дека стратегијата на Владата е диверзификација на снабдувањето со енергија и спомена дека сме дел од интерконекторот со Грција, но и дел од терминалот за течен природен гас во Александруполи. /МИА

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles