Полицијата препорачува да не се патува од Охрид во Струга и обратно

0

Полициски патроли поставени на два пункта, едниот кај бензиската во селото Подмоље, а другиот во непосредна близина на стариот пат меѓу Охрид и Струга ги сопира возилата и на патниците им препорачува дека ако немаат некоја итна потреба да не одат од Охрид во Струга и обратно.

Од МВР потврдуваат дека во екот на кризата со вирусот „Ковид 19“даваат вакви совети но нагласуваат дека движењето не е запрено.