Вардар игра фантастично: „Црвено-црните“ пак се во финале на ЛШ!

0

Македонскиот ракометен шампион Вардар повторно се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако вечерва во Келн ја победија шпанска Барселона со 29-27. Во финалето кое се игра утре „црвено-црните“ ќе се сретнат со унгарски Веспрем.

„Црвено-црните“ направија неверојатен пресврт против Барселона и оствари голема победа над фаворизираниот шпански шампион (29:27) во второто полуфинале на фајнл-фор турнирот на ракометната Лига на шампиони. Иако македонскиот првак имаше седум голови негатива во вториот дел, избраниците на Роберто Гарсија Парондо направија ново чудо.

Иако Барселона имаше висока предност до 40. минута, Вардар го засили темпото и почна да ја топи негативата, за во 57. минута да дојде до резултат 26-26 и целосно да го врати натпреварот на почеток.

Со голот на Карачиќ на 100 секунди до крајот Вардар поведе првпат со 27-26, а по грешката на противникот Криштопанс донесе позитива од два гола за македонскиот шампион. Со голот на Стоилов беа поставени конечните 29-27 и започна славјето за пласманот во големото финале.

Криштопанс со 10 и Карачиќ со 5 голови беа најефикасни кај победникот, додека стрелците кај Барселона ги предводеше Алеиш Гомез со 11 погодоци.