Генералниот план и деталните планови беа заборавени од претходната власт

0

Генералниот план и деталните планови беа заборавени од претходната власт

За време на 4 годишниот мандатот на претходната власт воопшто не е работено според генералниот и деталниот урбанистички план и како резултат на тоа многу развојни проекти се заглавени и покрај интересот на домашните и странските инвеститори. Градењето без дозвола и потоа легализирање на истото во спротивност со законот за легализација доведе до урбанизиција без критериуми.

Градоначалникот Мерко спроведува серија состаноци со надлежните институции како ЗЕЛС, Министерството за транспорт и врски, со цел да продолжи со работата преостаната од претходниот мандат на градоначалникот, односно со изработка на измени и дополнувања на планот за урбанистичко планирање каде ќе се усогласуваат заедничките и индивидуалните барања и интереси на заедницата.

Новиот генерален урбанистички план ќе овозможи подобрување на постоечката инфраструктура – водата, електричната енергија, телекомуникацијата – , ќе се заснова на веќе постојните подземни и надземни ресурси на Општината кои ќе се користат рационално земајќи ја во предвид животната средина и ресурсите.
Општина Струга е транспарента и ги објавува урбанистичките планови со цел да им се даде можност за соработка и простор за поплаки на граѓаните , при изработка на урбанистичките планови, или промени на урбаните единци во кои живеат.

Канцеларија за односи со јавноста,
Општина Струга